Информации за Vertex ERP (VERP)

Почитувани корисници на VERP,

Ќе ни биде од голема важност доколку одвоите од вашето време и Вие во име на вашата компанија учествувате во едно истражување за потребите на Бизнис Интелигенција (BI - Business Intelligence).

Сѐ што треба да направите е да кликнете на линкот подолу и да одговорите на неколку прашања. Добро би било пред да одлучите да ги одговарате прашањата да се слушнеме:

075 444 010 (Александра и Мартина)

Истражување

Како благодарност за вашето одвоено време за учество во ова истражување, ќе ви дозволиме пристап до ВЕРП ЦРМ (CRM - Business Intelligence) апликацијата за на мобилен телефон до крајот на годината.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани корисници на VERP,

На следниов линк се наоѓа нашата Понуда за Онлајн ценовници од малопродажба.

ПОНУДА

Сите заинтересирани може да не` контактирате за имплементација на нашето решение.

075 444 010

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани корисници на VERP,

Ве известуваме дека сме во фаза на тестирање на xml фајлот за плата кој треба да се вчитува во е-пдд. Кога ќе имаме финална верзија кај сите ќе ја апдејтираме.

Платите за 3-ти месец (информација добиена од ујп) ги правите по старо преку МПИН.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани корисници на ВЕРП,

Ве информираме дека од денес до крајот на оваа деловна 2024 година ќе може бесплатно да ја користите MоbileAPP апликацијата за преглед на долг по клиенти по излезни фактури и вкупно по салдо.

Исто така оваа апликација може да ја користат и деловните партнери на книговодителите, каде сопствениците на фирмите ќе може да се поврзат со сметководственото биро и да ги следат побарувањата од нивните клиенти.

За повеќе информации обратете се на:

070-280-950 Ѓорѓи Манчески

075-444-010 – Александра, Мартина, Рубин

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

Сакаме да Ве запознаеме со нашето најново решение “web-shop VertexERP“!

Интернет (online) продавница која е целосно интегрирана со VERP.

Што нудиме:

  • Синхронизација на производи (со количини и цени) кои се читаат од Вашата постоечки база на податоци и се прикажуваат на Ваш web shop кој ќе го креираме и дизајнираме со наша помош
  • Можност за прикачување на слики од производи, варијанти и опис
  • Интеграција за електронско плаќање со платежни картички во зависност од можностите на Вашата банка
  • Хостирање на Ваш постоечки domain на наш хостинг

Следењето и менаџирањето на порачките се врши преку VERP.

За повеќе информации контактирајте не`.

Ова е само еден чекор кој ќе Ве одведи до нов начин на трговија кој се` повеќе е насочен кон купувањето преку интернет.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

НАЈВАЖНО: Ве замолуваме пред преинсталација на компјутерите / серверите, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите кај нас за да ги спасиме базите на податоци.

Во врска со безбедноста на податоците во случај на хаварија, Ве замолуваме да проверите дали се прави backup на податоците од VertexEnterpriseSolution на Вашите сервери или локални компјутери.

Backup најчесто се прави во My computer/D:/Install:/AUTOBACKUP_NEBRISSI

Тоа е многу важно бидејќи знаете дека компјутерите може да бидат мета на напад од вирус или да настане било каков проблем кој може да ги уништи базите на податоци.

Доколку не се снајдите или се сомневате дека не се прави backup ве молиме контактирајте не и ние ќе ви помогнеме.

Пожелно е backup податоците да се чуваат на google drive (за тоа ви треба gmail) затоа што во денешно време cloud е една од најбезбедните начини за чување податоци.

Ви благодариме за одвоеното време

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

VERP Cloud е одличен за
  • поголемите компании ако се наоѓаат на повеќе локации – со ова сите работат интегрирано на една база на податоци
  • книговодители кои со своите клиенти работат на исти бази на податоци

Cloud решението ги нуди следните предности:

  • Ги елиминираа трошоците за ИТ опрема и инфраструктура
  • Првичните трошоци се многу пониски: не е потребно да се набават сервери за складирање и обработка на податоци, уреди за складирање на копии од податоци, лиценци за антивирус
  • Безбедност и сигурност на серверот и податоците од: поплави, пожари, грабежи, земјотреси
  • Cloud сметководствениот софтвер и податоците се чуваат подалеку од претпријатието на безбедни сервери кои се под контрола на компанијата што ги чува безбедно и сигурно од мрежни напади
За повеќе информации јавете се на 070/280-950.

Драги корисници, во Vertex ERP од сега ќе Ви бидат достапни и Видео упатства. Каде да ги најдете и како да ги користите видео упатствата може да погледнете во следното видео.

Видео упатство

Оваа опција Ви е достапна од верзија 1.10.186 на програмот.

Со цел да им излезе во пресрет на нашите клиенти кои имаат потреба од апликациите за мобилни уреди:

  1. Попис и прием во малопродажба со мобилни уреди
  2. Попис и прием во магацин со мобилни уреди

а немаат соодветни мобилни уреди (индустриски рачни компјутери опемени со скенер за баркодови), покрај продажба, Вертекс им нуди и ИЗНАЈМУВАЊЕ на такви уреди по пристапни цени.

(слика 1, слика 2, слика 3)

Во најновата верзија на VERP вклучени се следните нови можности:

  1. Фактура по член 24 во малопродажба
  2. Повратница од купувач во малопродажба
  3. Евидентирање на дополнителни трошоци во производство со нормативи
  4. Производство по фази (по ситуации) – наменето за градежни фирми
  5. Работа со Loyalty Card во малопродажба
  6. Работа со ваучери во малопродажба

Доколку сте заинтересирани за некоја од овие можности, контактирајте не`.

Со цел да им излезе во пресрет на нашите клиенти кои имаат потреба од апликациите за мобилни уреди:

  1. Порачки со мобилни уреди
  2. Амбулатна продажба со мобилни уреди
  3. Попис и прием во малопродажба со мобилни уреди
  4. Попис и прием во магацин со мобилни уреди

а немаат соодветни мобилни уреди (индустриски рачни компјутери опемени со скенер за баркодови), Вертекс им нуди такви уреди по пристапни цени.

(слика 1, слика 2, слика 3)

VERP-Е-ПДД е апликација која е наменета за евиденција и пресметка на персонален данок и генерирање на XML фајлови за плаќање кон физички лица. Генерираниот XML фајл се прикачува на сервисот ePDD од Управата за јавни приходи.
VERP-Е-ПДД може да функционира самостојно и може да го користат сите правни лица кои имаат потреба од исплаќања кон физички лица и плаќање на персонален данок.
VERP-Е-ПДД може да се поврзе со базата/базите на податоци од Vertex ERP, а со самото тоа се овозможува:

  • автоматски да се преземат податоци за фирмите кои исплаќаат персонален данок– исплаќачи,
  • автоматски да се преземат податоци за физичките лица за кои треба да се исплати персонален данок – примачи,
  • автоматски да се преземат податоци за вработените за кои треба по различен основ да им се исплати персонален данок,
  • автоматска пресметка на персонален данок и одбитоците од нето кон бруто и обратно,
  • автоматска пресметка на ДДВ за физички лица кои се регистрирани како ДДВ обврзници,
  • автоматска пресметка и исплата на ПД по различни основи за сите примачи наеднаш или пресметка еден по еден,
  • генерирање на нови пресметки врз основа на стари веќе генерирани пресметки.

 VERP-Е-ПДД апликацијата ја добивате со внесени податоци за:

  • видови на приходи за кои треба да се исплати ПД
  • подвидови на приходи за кои треба да се исплати ПД
  • видови на плаќања
  • процент на одбитоци по видови и подвидови на приходи
  • типови на пресметка на ПД
  • сите општини во Р. Македонија и нивните ознаки
  1. Софтвер за продавници на бензиски станици интегриран со Vertico системот за фискализација на гориво од Accent
  2. Откуп на земјоделски производи
    1. Автоматски припреми за плаќања за откупи на земјоделски производи
    2. Извештаи за платени персонални даноци за откуп на земјоделски производи
  3. Откуп на отпадни материјали
    1. Автоматски припреми за плаќања за откупи на отпадни матерјали
    2. Извештаи за платени персонални даноци за откуп на отпадни матерјали
  4. Модул за технички преглед
  5. Модул за сервисирање на возила
  6. Модул за авто школа
  7. Билинг системи за:
    1. Кабелски оператори
    2. За комунални претпријатија
  8. Работно време интегрирано со плата
  1. Фактурирање (линк)
  2. Софтвер за SMS-нотификации кон клиенти (линк):
    1. Рок за плаќање
    2. Испраќање на маркетинг пораки
    3. Сопствен сервер или користење на VertexSMS сервис

За тоа како да ги најдете и како да ги користите видео упатствата може да погледнете во следното видео. линк

За тоа како можете да ги измените податоците за фирмата за која водите книговодство, погледајте го нашето видео упатство линк

Внесувањето на нов комитент на Вашиот список на комитенти е објаснето во нашето видео упатство линк

Видео упатство за излезна фактура од магацин погледајте на следниот линк