Информации за Vertex ERP (VERP)

Почитувани корисници на VERP Ве известуваме дека:

сите корисници кои обврските за 2023 година нема да ги подмират заклучно со 31.03.2024, в понеделник 01.04.2024 ќе бидат исклучени и нема да можат да ја користат програмата.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани корисници на VERP Ве известуваме дека:

сите кои ќе ги подмират обврските кон Вертекс Броткаст Солушн заклучно со 31.08.2023 година ќе можат да земат БЕСПЛАТНИ лиценци за себе и за своите клиенти (ќе се наплати само одржувањето за лиценците).

Исто така ќе може да ги земат БЕСПЛАТНО и следните модули и конфигурации:

  • Книжење на девизни изводи;
  • Печатење на девизни финансиски картици;
  • Печатење на кумулативни финансиски картици од повеќе деловни години;
  • Автоматско книжење на дневен промет во малопродажба;
  • Компензација – затворање по фактури, преглед и печатење на компензации, креирање на компензации по статуси - предложена, реализира, одбиена и сл;
  • Цесија - Асигнација - креирање, печатење и автоматско книжење;
  • Преглед и печатење на Конфирмации;
  • Благајна, благајнички дневник и автоматско книжење на благајната, како и автоматско креирање и печатење на каса прими и каса исплати, креирање и печатење на благајнички дневник со автоматски пренос и затворање;
  • Работа со ваучери во малопродажба;
  • Пресметка на камати и креирање, преглед и печатење на каматни листи.

Телефон за контакт: 070 280 950, Ѓорѓи Манчески.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

Сакаме да Ве запознаеме со нашето најново решение “web-shop VertexERP“!

Интернет (online) продавница која е целосно интегрирана со VERP.

Што нудиме:

  • Синхронизација на производи (со количини и цени) кои се читаат од Вашата постоечки база на податоци и се прикажуваат на Ваш web shop кој ќе го креираме и дизајнираме со наша помош
  • Можност за прикачување на слики од производи, варијанти и опис
  • Интеграција за електронско плаќање со платежни картички во зависност од можностите на Вашата банка
  • Хостирање на Ваш постоечки domain на наш хостинг

Следењето и менаџирањето на порачките се врши преку VERP.

За повеќе информации контактирајте не`.

Ова е само еден чекор кој ќе Ве одведи до нов начин на трговија кој се` повеќе е насочен кон купувањето преку интернет.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

НАЈВАЖНО: Ве замолуваме пред преинсталација на компјутерите / серверите, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите кај нас за да ги спасиме базите на податоци.

Во врска со безбедноста на податоците во случај на хаварија, Ве замолуваме да проверите дали се прави backup на податоците од VertexEnterpriseSolution на Вашите сервери или локални компјутери.

Backup најчесто се прави во My computer/D:/Install:/AUTOBACKUP_NEBRISSI

Тоа е многу важно бидејќи знаете дека компјутерите може да бидат мета на напад од вирус или да настане било каков проблем кој може да ги уништи базите на податоци.

Доколку не се снајдите или се сомневате дека не се прави backup ве молиме контактирајте не и ние ќе ви помогнеме.

Пожелно е backup податоците да се чуваат на google drive (за тоа ви треба gmail) затоа што во денешно време cloud е една од најбезбедните начини за чување податоци.

Ви благодариме за одвоеното време

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

Вертекс Ви дава Попуст на лиценци од 08.08.2022 – 08.09.2022

  • 25% попуст на 1 купена лиценца во дадениот период
  • 35% попуст за купени 2 лиценци (наеднаш) во дадениот период

*Напомена: цената на одржувањето на овие лиценци останува иста

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Драги Наши клиенти,

Доколку имате деловни партнери со кои сакате да имате конекција до заеднички бази на податоци во програмот Vertex VERP, тогаш овој попуст е токму за Вашите деловни партнери.

За сите наши нови клиенти (ваши деловни партнери со кои сакате да имате конекција до заеднички бази на податоци во програмот Vertex VERP) кои до сега не го користат програмот нудиме:

  • 15% попуст на првата лиценца, бесплатно одржување во првата година на користење и 10% попуст за одржување во втората година на користење
  • 20% попуст доколку купат 2 лиценци наеднаш, бесплатно одржување во првата година на користење и 10% попуст за одржување на двете лиценци во втората година на користење

*Напомена:

  • цената на одржувањето за овие лиценци после втората година ќе продолжи по нормални (ненамалени) цени
  • овие попусти важат за купените лиценци до 08.09.2022 година

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека има нова верзија од апликацијата ВЕРП (верзија 1.10.232) во која е вклучено пренос на количина од еден производ на друг производ во малопродажба. Ваквата акција се книжи како промена на цена во малопродажба.

На кој му треба, нека се јави за помош при инсталација. 075 444 010 и 071 379 461.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека има нова верзија од апликацијата ВЕРП (верзија 1.10.231) во која е вклучена пресметка за плата во ден недела и недела-продолжен празник, согласно Законот за работни односи и Законот за трговија.

На кој му треба, нека се јави за помош при инсталација. 075 444 010 и 071 379 461.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани корисници на VERP и потенцијални нови корисници Ве известуваме дека:

  • Сите постоечки корисници на VERP, кои ги имаат платено или ќе ги платат фактурите до 20.10.2021, можат да земат основни и дополнителни лиценци за својата фирма - БЕСПЛАТНО, за кои ќе плаќаат само одржување од идната година.
  • Новите корисници можат да земат основни лиценци (VERP - основен книговодствен пакет) за својата фирма - БЕСПЛАТНО, за кои ќе плаќаат само одржување почнувајќи веднаш.

Телефон за контакт: 070 280 950, Ѓорѓи Манчески.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека имаме нова апликација наменета за менаџментот, која овозможува преглед на неколку видови менаџерски извештаи.

Апликацијата можете да ја пробате со демо податоци:

  1. кликнете на овој линк,
  2. внесете email за најава: demo@vertex.com.mk
  3. внесете password за најава: @demo1

За повеќе информации контактирајте не на 075/444-010

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Почитувани корисници на VERP,

Ве известуваме дека до 31 август 2021 година можете да купите:

  1. Дополнителна лиценца со 30% попуст,
  2. Light VERP софтверско решение со 40% попуст
  3. Екстра модули со 50% попуст

Информации за тоа што содржат пакетите и модулите имате на следниот линк

Телефон за контакт: 070 280 950, Ѓорѓи Манчески.

Со почит,

Вашиот Vertex Тим

Модулот ИНТЕРНЕТ ПОРАЧКИ Ви нуди можност за брзо и лесно креирање на порачки по електронски пат, со што го крати Вашето време и времето на Вашите клиенти за правење на порачки.

Со овој модул можете целосно да го напуштите стандардниот начин на правење на порачки кој задолжително вклучува комерцијалисти на терен кои мора да одат од магацин во магацин, од продавница во продавница за чијшто труд е потребно време и пари.

Вашите клиенти сега ќе можат од удобноста на своите канцеларии или дома да прават прачки во било кое време од денот.

Направените порачки кај Вас во програмот Vertex ERP стигнуваат во дел од секундата и ќе се запишат како резервирана количина на лагер во магацинот. Вие можете да ги видите веднаш и да направите соодветен план за испорака.

Било која од порачките имате можност да ја реализирате или откажете поради некаква причина. Доколку некоја од порачките се реализира, за истата ќе се изготви излезна фактура. Доколку некоја од порачките се откаже, резервираната количина ќе се врати како достапна количина на лагер во магацин.

ШТО ОВОЈ МОДУЛ ВИ НУДИ?
  1. Web платформа на која можат да се креираат порачки преку интернет
  2. Username и password за најава за секој Ваш клиент различни, кој се генерира преку Vertex ERP
  3. Праќање на неограничен број на порачки по клиент
  4. Преглед и промена на порачките во Vertex ERP
  5. Реализирање или откажување на порачка преку Vertex ERP
  6. Креирање на излезни фактури од магацин од порачката
  7. Извештаи во Vertex ERP по порачки:
    • Извештај за реализација по комерцијалисти
    • Извештај по денови/месеци
ШТО ДОБИВАТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ МОДУЛ?
  1. Кратење на времето поминато на терен
  2. Кратење на трошоците: патни трошоци, прекувремени саати, одржување на автомобили кои ги користат комерцијалистите и сл.
  3. Доколку Вие примате порачки од Вашите клиенти:
    • се кратат гужвите кои Ви настануваат во магацинот со чекање и барање на артикли
    • можност за планирање на набавки
    • кратење на трошоците и времето поминато во телефонски разговори со клиенти од други градови за правење на порачки
    • точна евиденција за секој клиент што и колку Ви порачал
    • точна пресметка кон клиентот колкав ќе биде износот на порачката/те
ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ МОДУЛ?
  1. Интернет конекција
  2. Дополнителен модул за ПОРАЧКИ во Vertex ERP
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ДОКОЛКУ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?

За повеќе информации јавете се на 070/280-950.

VERP Cloud е одличен за
  • поголемите компании ако се наоѓаат на повеќе локации – со ова сите работат интегрирано на една база на податоци
  • книговодители кои со своите клиенти работат на исти бази на податоци

Cloud решението ги нуди следните предности:

  • Ги елиминираа трошоците за ИТ опрема и инфраструктура
  • Првичните трошоци се многу пониски: не е потребно да се набават сервери за складирање и обработка на податоци, уреди за складирање на копии од податоци, лиценци за антивирус
  • Безбедност и сигурност на серверот и податоците од: поплави, пожари, грабежи, земјотреси
  • Cloud сметководствениот софтвер и податоците се чуваат подалеку од претпријатието на безбедни сервери кои се под контрола на компанијата што ги чува безбедно и сигурно од мрежни напади
За повеќе информации јавете се на 070/280-950.

Мобилна апликација за преглед на извештаи. Види слики

Сите наши клиенти кои ќе ги платат фактурите за одржување најдоцна до 30.06.2020, ќе можат да ја добијат за да ја користат во 2020 година на еден мобилен уред. Ќе платат само за инсталација. Инсталацијата е 30 еур + ДДВ.

Драги корисници, во Vertex ERP од сега ќе Ви бидат достапни и Видео упатства. Каде да ги најдете и како да ги користите видео упатствата може да погледнете во следното видео.

Видео упатство

Оваа опција Ви е достапна од верзија 1.10.186 на програмот.

Почитувани корисници, Ве информираме дека цената за одржување во 2020 година ќе претрпи промена.

Потребните информации можете да ги добиете од Ѓорѓи Манчески.

Телефон: 070/280-950.

Модул за Е-ПДД - во износ од 150 евра +ДДВ

Пакет модул - во износ од 50 евра +ДДВ за:

  • конфирмации,
  • цесија и асигнација,
  • компензации по фактури и статус на реализација на компензациите

Корисниците кои сакаат да ги купат овие модули, на денот на купување треба да ги имаат подмирено сите обврски кон Вертекс Броадкаст Солушн.

Со цел да им излезе во пресрет на нашите клиенти кои имаат потреба од апликациите за мобилни уреди:

  1. Попис и прием во малопродажба со мобилни уреди
  2. Попис и прием во магацин со мобилни уреди

а немаат соодветни мобилни уреди (индустриски рачни компјутери опемени со скенер за баркодови), покрај продажба, Вертекс им нуди и ИЗНАЈМУВАЊЕ на такви уреди по пристапни цени.

(слика 1, слика 2, слика 3)

Во најновата верзија на VERP вклучени се следните нови можности:

  1. Фактура по член 24 во малопродажба
  2. Повратница од купувач во малопродажба
  3. Евидентирање на дополнителни трошоци во производство со нормативи
  4. Производство по фази (по ситуации) – наменето за градежни фирми
  5. Работа со Loyalty Card во малопродажба
  6. Работа со ваучери во малопродажба

Доколку сте заинтересирани за некоја од овие можности, контактирајте не`.

Со цел да им излезе во пресрет на нашите клиенти кои имаат потреба од апликациите за мобилни уреди:

  1. Порачки со мобилни уреди
  2. Амбулатна продажба со мобилни уреди
  3. Попис и прием во малопродажба со мобилни уреди
  4. Попис и прием во магацин со мобилни уреди

а немаат соодветни мобилни уреди (индустриски рачни компјутери опемени со скенер за баркодови), Вертекс им нуди такви уреди по пристапни цени.

(слика 1, слика 2, слика 3)

VERP-Е-ПДД е апликација која е наменета за евиденција и пресметка на персонален данок и генерирање на XML фајлови за плаќање кон физички лица. Генерираниот XML фајл се прикачува на сервисот ePDD од Управата за јавни приходи.
VERP-Е-ПДД може да функционира самостојно и може да го користат сите правни лица кои имаат потреба од исплаќања кон физички лица и плаќање на персонален данок.
VERP-Е-ПДД може да се поврзе со базата/базите на податоци од Vertex ERP, а со самото тоа се овозможува:

  • автоматски да се преземат податоци за фирмите кои исплаќаат персонален данок– исплаќачи,
  • автоматски да се преземат податоци за физичките лица за кои треба да се исплати персонален данок – примачи,
  • автоматски да се преземат податоци за вработените за кои треба по различен основ да им се исплати персонален данок,
  • автоматска пресметка на персонален данок и одбитоците од нето кон бруто и обратно,
  • автоматска пресметка на ДДВ за физички лица кои се регистрирани како ДДВ обврзници,
  • автоматска пресметка и исплата на ПД по различни основи за сите примачи наеднаш или пресметка еден по еден,
  • генерирање на нови пресметки врз основа на стари веќе генерирани пресметки.

 VERP-Е-ПДД апликацијата ја добивате со внесени податоци за:

  • видови на приходи за кои треба да се исплати ПД
  • подвидови на приходи за кои треба да се исплати ПД
  • видови на плаќања
  • процент на одбитоци по видови и подвидови на приходи
  • типови на пресметка на ПД
  • сите општини во Р. Македонија и нивните ознаки
  1. Продажба на рати во малопродажба (линк)
  2. Заостанат долг да се печати во излезни фактури од магацин и продавница (конфигурациски) (линк)
  3. Ново избор Конфирмации-нов избор во Книговодство креирање и печатење на конфирмации
  4. Автоматско затварање на класи 4 и 7 (линк)
  5. Финансиско одобрение на цел износ(конфигурациски)(линк)
  6. Автоматско праќање по e-mail: картица на конто, излезни фактура и ИОС (конфигурациски) (линк)
  7. Дефинирање на регионални центри (конфигурациски) (линк)
  8. Пребарување на финансиска картица по општини/регионални центри (конфигурациски)
  9. Можност за печатење на вашето лого на исписите во картица на конто и ИОС (конфигурациски)
  10. Дополнувања во пресметката на плата. Можност за пресметка на плата со деловна успешност (конфигурациски)
  11. Модул за Пресметка на нето плата по бодови и коефициент на сложеност (конфигурациски)
  12. Нов ценовник (линк)
  13. Порачки со мобилни уреди (линк)
  14. Амбулатна продажба со мобилни уреди
  15. Попис во малопродажба со мобилни уреди (линк)
  16. Прием во малопродажба со мобилни уреди (линк)
  17. Ревизорски извештаи (линк)
  18. Амбулантен откуп на млеко (во изработка)
  1. Софтвер за продавници на бензиски станици интегриран со Vertico системот за фискализација на гориво од Accent
  2. Откуп на земјоделски производи
    1. Автоматски припреми за плаќања за откупи на земјоделски производи
    2. Извештаи за платени персонални даноци за откуп на земјоделски производи
  3. Откуп на отпадни материјали
    1. Автоматски припреми за плаќања за откупи на отпадни матерјали
    2. Извештаи за платени персонални даноци за откуп на отпадни матерјали
  4. Модул за технички преглед
  5. Модул за сервисирање на возила
  6. Модул за авто школа
  7. Билинг системи за:
    1. Кабелски оператори
    2. За комунални претпријатија
  8. Работно време интегрирано со плата
  1. Фактурирање (линк)
  2. Софтвер за SMS-нотификации кон клиенти (линк):
    1. Рок за плаќање
    2. Испраќање на маркетинг пораки
    3. Сопствен сервер или користење на VertexSMS сервис

За тоа како да ги најдете и како да ги користите видео упатствата може да погледнете во следното видео. линк

За тоа како можете да ги измените податоците за фирмата за која водите книговодство, погледајте го нашето видео упатство линк

Внесувањето на нов комитент на Вашиот список на комитенти е објаснето во нашето видео упатство линк

Видео упатство за излезна фактура од магацин погледајте на следниот линк